Категории
Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.
Услови и потребни документи:
Наполнети 24 години возраст или
Наполнети 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
"А" категорија
Во категоријата ,,Б“ спаѓаат моторните возила чија најголема дозволена маса не надминува 3.500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои можат да се придодадат приклучни возила, чија најголема дозволена маса не надминува 750 kg.
Услови и потребни документи:
Наполнети 18 години возраст
Може да се оспособува и со 17 години и шест месеци возраст со согласност од двајцата родители заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
"Б" категорија
"Ц" категорија
Во категоријата „Ц“ спаѓаат моторни возила кои не спаѓаат во категориите „Д1“ или „Д“ чија најголема дозволена маса надминува 3 500 kg, а кои се конструирани за превоз на не повеќе од осум патници покрај возачот и истите може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.
Услови и потребни документи
Наполнети 21 години возраст
Може да се оспособува и со 21 години и шест месеци
Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
"ЦЕ" категорија
Во категоријата „ЦE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило кое припаѓа во категорија „Ц“ на кое може да биде придодадено приклучно возило чија најголема дозволена маса е поголема од 750 kg согласно прописите од областа на единечно одобрение на возила.
Услови и потребни документи:
Наполнети 21 години возраст
Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Ц“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Авто школа Деива
бул.Јане Сандански бр.86,Скопје
info@avtoskoladeiva.mk
072 218 399
АВТОРСКИ ПРАВА © 2023 АВТО ШКОЛА ДЕИВА
Линкови
Учи со најдобрите, вози безбедно!