А категорија

Возила од оваа категорија

Во категоријата ,,А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw.

Обука
Оспособувањето во автошколата се состои од теоретска настава и практична настава .
Теоретски дел
  • 16 наставни часа (4 дена) теоретска настава (Доколку кандидатот нема “Б“ категорија)

  • 4 наставни часа доколку кандидатот има “Б“ категорија

Практична настава

  • 16 наставни часа практична настава

  • дневно се оддржуваат по два наставни часа

Услови за започнување со обука
  • Навршени 23 години и 6 месеци

  • Навршени 21 години возраст ако 2 години поседува категорија „А2“

  • лекарско уверение за А категорија

  • Лична карта

  • завршено најмалку основно образование

Испит

Испитиот за “А“ категорија се состои од теоретски дел (тест) и практичен дел (полигон и градска):

  • Доколку кандидатот поседува возачка дозвола од “Б“ категорија не полага теоретски дел, туку само практичен дел

  • Тестот за “А“ категорија се состои од 28 прашања. Севкупниот фонд за учење изнесува 553 прашања.

  • Полагањето на полигон вклучува две вежби

  • Времетраење на испитот -градска е од 25 до 40 минути